МЗТ подобар од Феникс, ТФТ славеше во дербито со Работнички
Кошаркарите на ТФТ Скопје забележаа значајна победа во Суперлигата, откако во дерби-натпреварот го совладаа Работнички со 88-84, додека МЗТ Скопје сигурно славеше против Феникс со 85-73.
Препорачано
Екипата од Тафталиџе наметна темпо уште во првото полувреме, кое го заврши со предност од 49-42. Работнички успеа да се врати во игра по паузата и со подобра трета четвртина ја намали разликата (65-56), најавувајќи неизвесна завршница.
Сепак, ТФТ навреме го крена нивото на игра, фати одличен ритам во финишот и успеа да ја сочува предноста за конечен триумф од 88-84. Најрасположени во редовите на победникот беа Ташовски и Дејвис со по 20 поени, додека Рикиќ беше најефикасен на мечот со 24 поени.
Во вториот натпревар, избраниците на Васко Атанасов имаа контрола уште во првото полувреме, кога стекнаа шест поени предност (46-40). МЗТ продолжи со доминацијата и во вториот дел, дополнително го зголеми водството и на крајот рутински го приведе мечот до победа од 85-73.
Најдобар стрелец кај МЗТ беше Мек Смит-Мекевен со 20 поени, додека кај Феникс најмногу се истакна Дашон Дајсон со 18 поени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
48мин
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


