МЗ: Кривата на излекувани пациенти стрмоглаво расте, бројот на активни случаи во одличен пад

Досега во земјата се направени 17.246 тестови.

Министерството за здравство информира дека согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки. Кривата на излекувани пациенти стрмоглаво расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад, соопшти Министерството за здравство.

Денешните податоци покажуваат дека имаме само 5 нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2% позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие.

Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест исто така значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови. Според информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден.

Министерството информира дека продолжува активно да тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата. Досега во земјата се направени 17.246 тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот