МВР во потрага по битолчаните што крадеа љубичици

МВР ќе трага по битолчаните кои ги обраа љубичиците од цветната леа пред Безистенот, откако Јавното претпријатие „Комуналец“ поднесе пријава во полиција, објавува СДК.МК

Вчера, на социјалните мрежи битолчани поставија фотографаии на кои се гледа како четворица битолчани полнат кеси со цвеќињата што вработени од „Комуналец“ ги извадија од леите за да направат промена на расадот.

Ова предизвика критики, некои обвинуваа дека се работи за кражба, а други дека им било дозволено од вработените да земат од цвеќињата.

Директорот на „Комуналец“ Панде Богоевски денес објасни дека тие никому не дозволиле да зема од цвеќињата од цветните леи, па ни кога се врши промена на расад.

„Цветниот расад е наша грижа и обврска и ни на крај на памет не ни е да дозволиме некој тоа да го прави. Ние постапуваме во рамките на законските надлежности.

Случајот е пријавен евидентиран во МВР, па понатаму нека се постапува. Не може да се дозволи да се земат цвеќињата ни кога се врши сезонски промена на садниците. Ние тие садници што ги вадиме ги користиме за други места каде правиме пилот можности и проекти за разубавување. Ова беше вандалски чин, среќа не ни го оштетија системот за наводнување“, рече Богоевски.

ФОТО | Битолчани завршија на ѕидот на срамот: Твитерџиите ги фатија како крадат љубичици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот