МВР: Никој не крадел струја во ГТЦ, копањето криптовалути не е кривично дело

Полициска акција во „рудник“ за криптовалути во ГТЦ / фото: ТВ Клан/принтскрин

Министерството за внатрешни работи се огласи во врска со денешната акција во Градскиот трговски центар во Скопје, каде беа испратени големи полициски сили во импровизиран „рудник“ за криптовалути во магацински простор во објектот.

Од МВР велат дека не било утврдено дека се краде струја, како и дека копањето криптовалути не е кривично дело во земјава.

„Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ “имало поставено машини за копање криптовалути” односно дека заради наводна интернет трговија со криптовалути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со криптовалути“, велат од полицијата.

„Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик. Во август 2021година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути. Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ“, се додава во соопштението од МВР.

ВИДЕО: Снимен нелегалниот „рудник“ за криптовалути во подрумот на ГТЦ, полицијата си замина?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот