ВИДЕО: ГТЦ преполн со полиција, фатени нелегални копачи на криптовалути

Полициска акција во ГТЦ / 16 ноември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Во моментов во подрумските делови со магацини на Градскиот трговски центар во Скопје е во тек полициска акција на МВР, а според првичните неофицијални информации, станува збор за акција против нелегални копачи на криптовалути, кои без дозвола се приклучиле во ГТЦ.

Според ТВ21, првичните информации се дека во магацинот имало приклучено десетини машини за копање на криптовалути, кои на диво биле приклучени на струја во трговскиот центар.

Се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот