МВР: Ја гарантираме безбедноста на населението, немаме милост кон несовесните граѓаните

Од полицијата велат дека располагаат со доволно човечки и технички ресурси без проблеми да одговорат на сите задачи кои ќе бидат побарани од неа. 

Покрај секојдневната „борба“ со организираниот криминал, тероризам, насилството, вандализмот, крадците и низата несовесни граѓани на Македонија, но и странци кои времено или постојано престојуваат во земјава, македонската полиција од Владата доби уште една одговорна задача, а тоа е да ги чува и проверува сите лица кои се во домашна самоизолација поради коронавирусот и да спречува групно собирање на лица на јавни места, се со цел заштита на населението од коронавирусот.

Од МВР за „Слободен печат“ велат дека македонската полиција до денеска обезбедува и секојдневно, по најмалку два пати, ги проверува околу 1.100 лица кои се во домашна самоизолација. Оваа задача која ѝ е дадена на полицијата не е оптоварување на работењето на сите работни единици на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека на силите за заштита на јавниот ред и мир им е дадена и задача за откривање на тајно организирани забави во скопски приградски населби, но и сузбивање на групи кои на јавни места се собираат и се побројни од петмина. Од полицијата велат дека располагаат со доволно човечки и технички ресурси без проблеми да одговорат на сите задачи кои ќе бидат побарани од неа.

– МВР спроведува засилени контроли и бескромпомисно ги казнува сите што не ги почитуваат мерките на Владата на Македонија за справување со Ковид-19 – велат од МВР за „Слободен печат“.

Вчера Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватни куќи во кои се организираат забави и собири, со цел да спречи нивно одржување.

„Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири во општина Сопиште и во населеното место Соње, со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, се наведува во заклучоците од вечерашната владина седница на која беа усвоени серија мерки врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот.

Согласно оваа одлука, кон сопствениците на објектите и присутните лица во нив ќе се преземат соодветни законски мерки поради непочитување на мерките и препораките на Владата за справување со Ковид-19.

Владата, исто така, го задолжи Министерството за внатрешни работи, доколку е потребно, да изработи Уредба со законска сила, со која ќе се нормира донесената одлука за забрана во период од 14 дена за одржување настава и спроведување обуки и испити во испитните центри од страна на школите за обука за возачи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот