МВР го пронајде момчето кое насилно шутираше куче во Куманово, следува пријава

Момчето кое насилно шутираше мирно куче на игралиште во Куманово е идентификувано, потврдија од МВР за „Слободен печат“.

Станува збор за малолетно момче од општина Старо Негоричане, кое денеска било повикано на разговор во полициска станица. На прашањето дали и соучесникот бил повикан, бидејќи на видеото се слуша како снимателот со иронични коментари и смеа продолжува снима како ништо погрешно не се случило, од МВР велат дека засега само момчето кое го шутираше кучето е сторителот, но дека постапката е во тек.

„Малолетното момче е од село Стрезовце, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против него“, велат од МВР за „Слободен печат“.

Според Кривичниот законик, на сторителот му се заканува парична или затворска казна:

Мачење животни, Член 233: „Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни
маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува
на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Двете момчиња првично го објавиле видеото на нивните фејсбук-профили, но откако видеото стана вирално, набрзо ги избришаа. Граѓани на Куманово ги препознаа момчињата и веднаш ги идентификуваа, при што до МВР пристигнале 3 електронски пријави.

„Слободен печат“ прв го објави видеото на еден од нашите инстаграм-профили, а видеото имаше над 24,000 илјади прегледи за помалку од осум часа, но поради присутноста на насилство беше отстрането од самата социјална мрежа. Видеото инстантно собра многу негативни реакции и над 400 коментари, а следбениците веднаш побараа најстрога казна за нехуманото дело на момчето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот