Музички спектакл на четири млади актерки ќе се одржи во „Јавна соба“

Фотографија: Промо

Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на музичката сцена. На 13 април (четврток), со почеток во 21 часот, на сцената во „Јавна соба“ (Public Room), ќе се одржи „Girls Night“, која ќе понуди незаборавна забава за сите љубители на добра музика и добар перформанс.

Актерките Нина Елзесер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви ќе организираат невиден диско-перформанс, кој е фузија на мјузикл, стенд-ап комедија и караоке.

Младите актерки имаат направено досега невиден спој на театарска глума и музичко-сценски настап преместувајќи го вешто тежиштето на забавата од театарски кон музичко-забавен перформанс.

При осмислување на проектот актерките си го поставиле прашањето: „Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во диско-ерата на 70-те и 80-те?“ Актерките со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да ја осмислат целата двочасовна програма со цел публиката дома да си заминe срeќна, весела и со желба за повторно видување. Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на „Јавна соба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот