Музичка архива: Најавено е излегувањето на „Македонски рок-времеплов“

Ентузијастот и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија (винили, касети, компакт-дискови, ленти) и информации (списанија, фанзини, постери, флаери) за македонската рок-сцена, Тошо Филиповски, го најави излегувањето на новата капитална книга од едицијата „Македонски музички архив“.

Станува збор за првиот том на монографијата „Македонски рок-времеплов“, книга со енциклопедиски карактер што ќе содржи 1500+ датуми што ја детерминираат македонската музика. Промоцијата во форма на прес-конференција е најавена за 16 февруари во МКЦ – Клуб и ресторан.

Претходно Филиповски го објави првиот том на „Македонска рок енциклопедија“ (1963-2018) во 2018 година и првиот том на книгата „Македонска дискографија: Винили (1958-2019)“ во 2019 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 67, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот