Мурињо открива кој спорт не го разбира

И Жозе Мурињо предвидува финале во баражот Португалија - Италлија/Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Португалецот од следната сезона ќе седи на клупата на Рома.

Жозе Мурињо се враќа во Италија по пауза од 11 години. Откако доби отказ во Тотенхем по серијата слаби резултати, пред се поради испаѓањето во осминафиналето во Лигата на Европа, Мурињо не чекаше долго за да најде нов тим.

Португалецот експресно се договори со Рома со која потпиша тригодишен договор што значи дека нема да биде досадно во Серија А, но и на средбите со медиуните
Мурињо во една ТВ емисија откри дека ги сака речиси сите спортови но само еден не го разбира, пренесуваат италијанските медиуми.
– Јас сум спортски фанатик. Ги сакам Олимписките игри, зависен сум од Формула 1, од тенис, но постои еден спорт кој никако не го разбирам. Тоа е крикетот. Додека работев за Боби Робсон никако не можев да разберам зошто е толку фанатичен по тој спорт – изјави Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот