Мудрите мисли на Симон де Бовоар кои не се забораваат: Променете го својот живот денеска. Не се коцкајте со иднината…
Не можеме да зборуваме за феминизам без да зборуваме за Симон де Бовоар. Родена во Париз, пораснала како религиозна девојка и имала намера да стане калуѓерка. Меѓутоа, во тинејџерските години ја изгубила вербата и останала атеист до крајот на животот. Таа стана деветта жена што дипломирала на Сорбона и се посветила на професијата професор по филозофија во Марсеј, Руан и Париз, сè до 1943 година, кога се посветила на литературата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Починала од воспаление на белите дробови на 14 април 1986 година во Париз, на 78-годишна возраст. Зад себе остави мисли посветени на ослободувањето на жената, кои не се забораваат.
„Постоев преку себе и за себе. Мојот пат беше јасно обележан; да се усовршувам, да се збогатам со знаење и да се изразам во делото кое ќе им помогне на другите да живеат.
„Не сакам жените да имаат моќ над мажите, туку над себе.
„Жена не се раѓа, жена се станува“.
„Сакам секој човечки живот да биде чиста транспарентна слобода.“
„Нечиј живот има вредност сè додека припишува вредност на животите на другите.“
„Тоа е она што јас го сметам за вистинска великодушност. Давате сè, а сепак се чувствувате дека тоа не ве чини ништо“.
„Конечно запознав човек кој наместо да ѝ се потчини на својата судбина, сам го избира својот живот“.
„Таа беше подготвена да го негира постоењето на просторот и времето наместо да признае дека љубовта можеби нема да биде вечна“.
„Од моментот кога ќе се родите, почнувате да умирате. Но, помеѓу раѓањето и смртта постои живот“.
„Зборот “љубов“ воопшто нема иста смисла за двата пола, тоа е една од причините за сериозните недоразбриања кои ги разделуваат.“
„Променете го својот живот денеска. Не се коцкајте со иднината, дејствувајте сега, без одлагање.“
„Ако живеете доволно долго ќе видите дека секоја победа се претвора во пораз.“
„Уметноста е обид за интегрирање на злото.“


