Муцунски: Македонија и Србија ги зајакнуваат трговските врски и културната соработка

фото: МНР

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ и со министерот за внатрешна и надворешна трговија Тома Момировиќ.

Централен фокус на двете средби, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше потврдата на одличните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, плодната соработка во различни области, како и континуираниот политички дијалог без отворени прашања.

Муцунски на средбата со претседателката на српскиот парламент се заблагодари за поддршката која Северна Македонија ја доби во гаснењето на неодамнешните шумски пожари и истакна дека овој пријателски чин претставува уште еден доказ за солидарноста и меѓусебната поддршка меѓу двете земји.

Во рамки на разговорите, како што се наведува во соопштението, министерот Муцунски ја најави и новата фаза во културната соработка меѓу двете земји, која ќе почне со отворањето на Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград.

„Овој центар ќе ги збогати културните врски меѓу двете земји и ќе работи на активна промоција на македонската култура во Србија“, потенцираше Муцунски.

На средбата со министерот Момировиќ, како што се наведува, беа нагласени одличните економски односи меѓу двете земји кои во иднина треба и дополнително да се надградуваат.

„Со оглед на новите надлежности на Министерството за надворешни работи и трговија, на средбата беа разменети корисни искуства и заложби за зајакнување на трговските врски и културната соработка“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот