Му починала на раце кога ѝ дал ружа: Емотивна приказна за Анче и Александар Џамбазови
На многу тажен начин од овој свет си заминала легендарната актерка Анче Џамабзова, а приказната ја сподели маестро Александар Џамбазов, пред неговата смрт.
Препорачано
„Поминавме 35 години во брак со Анче, незаборавни. Она што е болно, јас мора сега пред вас да делувам пооптимистички… Се зедовме на 30 септември 1962 година. На 30 септември, на нашиот најсреќен ден, во 1997 година, на 35-годишнината од нашиот брак, околу 11 часот кога се зедовме, Анче ми почина на раце“, сподели познатиот композитор и диригент во документарниот филм за Анче Џамбазова.
Во истиот филм, за истата прикана зборува и нивниот син, актерот Игор Џамбазов.
„Тој купил една роза за нивниот јубилеј, дошол до нејзиниот кревет, ја ставил на нејзините гради, таа го пипнала за рацете, го погалила и само го направила последното издишување, она што го држеше во себе со денови“, раскажа Игор, а приказната ја објави „Магазин мк“ на Инстаграм, а приказната и сега е актуелна.
Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот „Гола месечина 2019“ од страна на Општина Аеродром. Режисер е Миле Гроздановски, сценарист и асистент на режија: Гоце Трајковски, продуцент Сашо Ристовски, а продукцијата е на НУ Театар „Комедија“.
-Секогаш имав трема кога глумев пред неа. Знаете, како прваче на претстава кога треба да настапи пред родителите. Е, јас секој пат, кога ме гледаше таа на пробите, се чувствував така. А беше редовна, ништо не ѝ бегаше, не само мене, таа ги следеше сите колеги, сите претстави и оние каде што не учествуваше. И јас отпосле дознавам каква колешка била, сите ја сакаа, на сите им помагаше. Ја викаа тетка Анче – раскажа во една прилика Игор Џамбазов за својата мајка за „Слободен печат“.
Маестро Александар Џамбазов почина на 25 јануари во 2022, на 85 години, токму на денот кога е роден Тоше Проески.
View this post on Instagram


