Му го прости изневерувањето: Адам Левин и Беати Принсло станаа родители по третпат

Адам Левин и Беати Принсло
Адам Левин и Беати Принсло / Фото: EPA/MIKE NELSON

Пејачот Адам Левин и манекенката Беати Принсло го добија нивното трето дете, а среќната вест ја потврдил близок извор за списанието „Пипл“.

Фронтменот на поп-рок групата „Марун 5“ и поранешниот модел за „Викторија Сикрет“ се во брак од 2014 година, а веќе се родители на шестгодишната Дасти Роуз и четиригодишната Џио Грејс.


Во септември минатата година, инфлуенсерката Самнер Строу објави снимка на платформата Тик-ток во која тврдеше дека имала афера со Адам Левин.

„Јас имав афера со маж кој е во брак со манекенка на ‘Викторија сикрет’. Во тој период, јас бев млада, наивна и искористена“, раскажа Строу.

Како доказ за овие тврдења, таа објави неколку нивни преписки на социјалните медиуми. Неколку месеци откако престанале да се гледаат, Левин ѝ испратил порака во која ѝ рекол дека планира да го именува своето трето дете по неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sumner Stroh (@sumnerstroh)

Неколку дена подоцна, Левин се огласи за наводната афера со инфлуенсерката. Музичарот ги демантираше овие обвинувања, но призна дека ја „преминал границата“ во комуникацијата со Строу.

„Моментално, се кажуваат многу работи за мене и би сакал да расчистам сѐ. Немав афера, но ја преминав границата во период од мојот живот за кој се каам. Не ја проценив добро ситуацијата, флертувајќи со личност која не е мојата сопруга. Во одредени моменти (од комуникацијата) стана несоодветно. Јас се осврнав на тоа и презедов проактивни чекори за да го поправам ова со моето семејство.

Мојата сопруга и моето семејство се сѐ за што се грижам во овој свет. Бев толку наивен и доволно глупав за да ја ризикувам единствената работа која вистински ми значи и тоа беше најголемата грешка која можев да ја направам. Јас нема да ја направам повторно. Ја преземам сета одговорност. Ние ќе го надминеме ова и тоа ќе го направиме заедно.“

Фото: Инстаграм/Адам Левин

Повеќе на темата:

Секс афера: Адам Левин ја изневерувал сопругата со позната инфлуенсерка

Адам Левин: Немав афера, но ја преминав границата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот