Татко од пеколот му дал солна киселина на двегодишниот син, па остатокот го испил тој

Српска полиција/Фото: МИА

Татко од пеколот од Пирот откако се скарал со сопругата го зел двегодишниот син и го однел на крајот на селото. Прво му ставил солна киселина во уста на детето, а потоа се напил и тој. За среќа детето проголтало само мал дел од киселината и вчера е пуштено на домашно лекување.

– По целосно стабилизирање на здравствената состојба на детето кое беше хоспитализирано, тоа е пуштено на домашно лекување. Неговиот татко е стабилен, но се уште е под постојан мониторинг од докторот на Клиниката за ендокринологија на Универзитетскиот медицински центар Ниш – соопшти утрово оваа здравствена установа. И таткото и синот на 3 јули прво биле примени во Општата болница во Пирот, по што биле префрлени во Ниш. Мажот имал тешки корозивни промени во хранопроводникот и стомакот предизвикани од пиење солна, додека момчето имало изгореници и промени на лицето.

Мештаните ги пронашле двегодишното дете и неговиот татко на ливада на патот Пришјански, каде му дал киселина, а потоа самиот ја испил. Како што е наведено, М.Ј. оваа одлука ја донел по конфликт со сопругата.

– Се сомневаат дека прво му дал киселина на детето, па испил и тој. Сè се случило затоа што тој наводно се степал со сопругата и поради нарушени семејни односи. Слушнавме дека го оставила, па сакал да направи катастрофа за да настрада жената. Веројатно сакал да и се одмазди – изјавил извор за Курир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот