Мозоци од починати луѓе од Македонија биле испраќани во САД за научно истражување за самоубиствата
Основачот на инвестициската компанија „Турмалин Партнерс“ Ике Гроф, на 5 февруари 2019 година примил мејл во кој се споменува Македонија, а кој сега е дел од досието Џефри Епстин.
Препорачано
Мејлот на ниеден начин не е поврзан со скандалот со покојниот сексуален престапник Епстин и претставува новинарско истражување на „Блумберг Бизнисвик“ од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет.
Текстот е со наслов „Лекот стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“(се мисли на кетамин). Во текстот се наведува дека во рамки на долгогодишно научно истражување за самоубиствата, американски научници (поврзани со Универзитетот Колумбија) имаат создадено банка од човечки мозоци за истражување.
Во таа колекција има околу 1.000 мозоци (од лица што извршиле самоубиство и контролни примероци).
Македонија е спомната како една од земјите што придонела со примероци, преку соработка со научници од Универзитетот Колумбија. Во текстот стои дека мозоците од Македонија биле отстранети по смрт, биле веднаш замрзнати, транспортирани во САД за научни цели и правилно означени и архивирани. Целата новинарска сторија може да ја прочитате во продолжение и таа е јавно достапна на страницата на американското Министерство за правда.









Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
47мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


