Фото: ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје

„Мовембер“: Повеќе од 70 мажи направија бесплатни уролошки прегледи во рамки на месецот на машкото здравје

Повеќе од 70 пациенти денеска во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје извршија ЕХО и уролошки прегледи во рамки на акцијата посветена на Ноември – месецот на машкото здравје, познат како Мовембер.

„Не само ноември, туку секој месец да биде како ноември. Мажите треба да бидат свесни за своето здравје, особено постарата популација над 50 години, која задолжително еднаш годишно треба да прави уролошки преглед – ЕХО на уринарниот тракт и туморски маркери за простата. За мажи со фамилијарен ризик, препорачливо е прегледите да почнат од 45 години, па дури и порано“, изјави д-р Дарко Костовски, уролог во ГОБ „8 Септември“.

Директорката на болницата „13 Ноември“, Ленче Нелоска, нагласи дека акцијата има цел да ја подигне свеста кај мажите кои најчесто избегнуваат да посетат уролог.

„Тоа е единствениот начин навреме да се открие и спречи сериозна последица по нивното здравје“, рече Нелоска.

Стручните лица потсетуваат дека аларм за итна посета на уролог се појава на крв во урина, болки при седење и зголемена потреба за мокрење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот