Мото ГП: Доминација на Квартараро во Италија

epa09236852 French MotoGP rider Fabio Quartararo of Monster Energy Yamaha MotoGP team in action during the Motorcycling Grand Prix of Italy at the Mugello circuit in Scarperia, central Italy, 30 May 2021. EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро триумфираше на шестата трка сезонава во Мото ГП шампионатот која се возеше за Големата награда на Италија, а ја одбележа трагичната смрт на младиот мотоциклистѕ Џејсон Дупаскје.
Квартараро за прв пат триумфира на патеката „Муџело“, а воедно ова беше негов трет триумф сезонава и седми воопшто во кариерата во Мото ГП класата.

 

Најблиску до победникот беше возачот на КТМ, Мигел Оливеира  кој задоцни 2.5 секунди, но на крајот од трката, стјуардите го поместија една позиција наназад бидејќи во последниот круг излезе од патеката. Тие на второто место го поставиха актуелниот шампион Жоан Мир од Сузуки, но откако утврдија дека и тој возел надвор од патеката, второто место муго вратија на Оливеира.
Квартараро до победата дојде на доминантен начин, откако по неколку кругови изби на првото место и до крајот не ја испушти лидерската позиција.

На стартот од трката, Квартараро го зауби водството од Франческо Бањаја од Дукати кој не се задржа долго на патеката „Мугело“ бидејќи направи грешка и излета. Оттогаш возачит на Јамаха водеше борба со Жоан Зарко не можеше да го издржи ритамот на Квартараро и на крајот заврши на четвртото место пред Бред Биндер и Џек Милер. На седмото место на пласира Алеш Еспаргаро, а во топ 10 се најдоа уште и Маверик Вињалес, Данило Петручи и Валентино Роси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот