Москва ќе забранува страшни играчки?

Фото Профимедиа

Официјална Москва смета дека играчките кои изгледаат како чудовишта и асоцираат на смрт се опасни за руските деца и дека треба да бидат забранети за продажба.

Според тамошните власти, сосема е погрешно на деца да им се купуваат играчки на кои има траги од крв, кои изгледаат бизарно, личат на вампири и чудовишта. Тие наводно предизвикувале анксиозност и депресија кај децата.

Чудовишта и крв не треба да бидат дел од детска игра, особено во време кога општеството се соочува со агресија. Наместо тоа, на полиците во руските продавници треба да има играчки кои ќе ги подучуваат децата на позитивни нешта.

Друг проблем се неквалитетните и потенцијално токсичните материјали кои некои производители на играчки ги користат. Затоа и руските власти сметаат дека треба да се обрне внимание и на квалитетот на играчките кои се пласираат на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот