Московските ученици на продолжен распуст поради коронавирусот

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска изјави дека руската престолнина ќе го продолжи училишниот октомвриски распуст на две недели, како дел од мерките за запирање на ширењето на коронавирусот.

Мерката следи по препораката на Собјанин минатата недела сите со здравствени проблеми и оние над 65 години да останат дома.

Собјанин рече дека учениците нема да одат во училиште помеѓу 5 и 18 октомври и ги повика родителите да обезбедат нивните деца да останат дома во тој период.

„Денес, децата претставуваат значителен дел од заразените и тие често немаат никакви симптоми”, напиша Собјанин на својата веб-страница.  – Кога ќе дојдат дома, тие лесно можат да го пренесат вирусот на возрасните и постарите членови на кои ќе им биде многу потешко ако се разболат, рече тој.

Прочитајте и...  Европска Унија: Санкциите против Ал Каеда и ИД остануваат на сила и за наредните 12 месеци

Русија пријави дека во последните 24 часа се евидентирани 8.232 нови случаи на коронавирус, а земјата сега има вкупно 1.167.805 случаи. Властите соопштија дека починале 160 лица, и бројот на жртвите сега изнесува 20.545. Русија е четврта во светот по бројот на заразени. 

Поврзани вести

Заев: Бугарија не бара промена на Уставот

Михаило Донев

Словенија би можела да испрати војска на границата со Хрватска

Илинка Иљоска

Хоти ги започнува процедурите за отворање на амбасадата во Израел

Илинка Иљоска

Училиштата се известени за начинот на оценување, првите оценки до 20 ноември

Слободен печат

ВО ЖИВО: Изјава на премиерот Заев по научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Германските виролози не ја исклучуваат можноста од неконтролирано ширење на Ковид-19

Илинка Иљоска

Остави Коментар