Фото: архива / МИА

Монструозно убиство во Косово: Поранешен фудбалер пукал во гениталиите на неговиот брат

Трагедија го погоди Косово откако во саботата во пукање во селото Бокшиќ животот го загуби Фарук Исуфи, додека за убиството е осомничен неговиот брат, поранешниот фудбалер на Дукаџин, Јетмири Исуфи.

Според информации од локални извори, трагедијата се случила во семејниот дом, каде што расправијата меѓу браќата ескалирала поради долгогодишни семејни несогласувања, наводно поврзани со имотни прашања и правото на куќата.

Неофицијално, Јетмири Исуфи пукал во својот брат, нанесувајќи му тешки повреди. Повредениот Фарук првично бил пренесен во здравствена установа во Клина, а потоа и во болницата во Пеќ, каде што, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

Од Основното обвинителство во Пеќ информираат дека осомничениот е приведен и задржан во притвор.

„Жртвата беше транспортирана во Регионалната болница во Пеќ за укажување медицинска помош, но поради сериозноста на повредите почина. Смртта ја констатираше дежурен лекар“, се наведува во соопштението.

Обвинителството најави дека во согласност со законските процедури ќе побара од Основниот суд во Пеќ да му одреди едномесечен притвор на осомничениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот