Моника Селеш му испрати порака на Ѓоковиќ: Знаев дека ќе ги надмине сите рекорди

фото: EPA/STEPHANE REIX

Со пласманот во полуфиналето на „Австралија опен“ и победата над Тејлор Фриц, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го постигна 33 последователен триумф во Мелбурн, израмнувајќи го рекордот на Моника Селеш.

Легендарната тенисерка Селеш изјави дека би било одлично ако може да игра мешани двојки со Новак Ѓоковиќ. Србинот успеа да го израмни рекордот на Селеш по бројот на последователни победи на „Австралија опен“.

– Одамна престанав да му ги бројам Грен слем титулите на Новак. Знаев дека ќе ги собори сите рекорди и дека ќе постави многу тешки за следните генерации. Само посакувам да играме во иста ера. Би било одлично ако играме микс заедно. Ти благодарам Новак и оди освои го „Австралија опен“ – стои во пораката на Селеш на Инстаграм.

Ѓоковиќ ја брани титулата на „Австралија опен“, која до сега ја има освоено 10 пати. Вкупно има 24 Грен слем титули. Селеш четири пати беше најдобра во Мелбурн, три пати го освои „Ролан Гарос“ и два пати „УС Опен“.

– Ја имав во мислите кога растев, речиси секој ден. Слушнав за неа како дете од Јелена Генчиќ. Кога имав можност да ја запознаам, бев многу нервозен. Имаше одлична кариера, играше особено добро во Австралија. Имам само убави зборови да кажам за Моника – изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот