Јелена Егорова, мис Универзум на Србија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Монголката мис Универзум на Србија во центарот на скандалот: Ја уценувале дека ќе ја прикажат како проститутка

Кога беше објавено дека Јелена Егорова, девојка од монголско потекло, ќе ја претставува Србија на престижниот избор за Мис Универзум 2025 година, српската јавност се подели.

Едни ја поддржаа идејата дека Србија има претставничка со отворен дух, додека други реагираа бурно поради нејзиното потекло и пасошот кој, како што напишаа српските медиуми, го купила за да може да ја носи српската лента.

Но, оваа приказна, која експлодираше во Србија дури неодамна, има многу подлабоки корени. Пред четири години, Јелена била во центарот на еден од најнепријатните скандали, случај што сериозно ѝ го нарушил угледот, пишуваат српските медиуми.

Јелена Егорова, Мис Универзум Србија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во септември 2021 година, Егорова открила преку социјалните мрежи дека паднала во стапицата на луѓе кои се претставувале како продуценти на музички спотови. Под изговор за кастинг, барале од неа да сними видео во долна облека. Наивно верувајќи дека станува збор за професионална понуда, таа се согласила, а потоа почнале заканите.

Набрзо ѝ порачале дека ако не им плати, ќе го објават видеото на интернет и ќе ја претстават како проститутка. За да го зголемат притисокот, се заканиле дека ќе го фотошопираат нејзиното лице на експлицитни фотографии од други жени и сето тоа ќе го објават во јавноста.

– На почетокот бев преплашена. Им платив, мислејќи дека тука ќе престанат. Но, се разбира, тоа само ги охрабри. Потоа, одлучив повеќе да не реагирам и да не се кријам. Вистината е единственото оружје што го имам – раскажала тогаш Егорова.

За овој инцидент пишувал и меѓународниот портал „Конан дејли“, кој навел дека Јелена била „жртва на дигитална уцена и заплашување“, но и дека подоцна јавно се огласила за да ги предупреди другите девојки за истите стапици.

Јелена Егорова, Мис Универзум Србија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Една година подоцна, во мај 2022 година, нејзината приказна ја презела руската телевизиска станица НТВ, која снимила емисија за случајот наречена „Интима за пари“. Емисијата предизвикала големо внимание, но и бурни реакции, бидејќи некои делови биле прикажани сензационалистички, без оглед на траумата на Јелена.

Како да не било доволно тоа, регионалниот портал sakhalife.ru и каналот НВК Саха отишле чекор понатаму, ја прикажале емисијата за „морални вредности и раголените девојки“, во која покажаке фотографии од Јелена во костим за капење без нејзина согласност.

Реакцијата на мисицата била остра: „Без мое одобрување, ги зедоа моите фотографии од морето и ги покажаа на цела Јакутија. Никогаш не сум правела непристојни фотографии, ниту сум давала согласност кој било да ме користи во своите програми. Тоа што сум на плажа во костим за капење не значи дека сум разголена жена без морал. Дали би ви било пријатно некој да ги земе вашите фотографии и да ги коментира на телевизија? Ниту мене не ми е. Благодарам барем што ми го замагливте лицето. Живејте го својот живот, бидејќи секој гледа според својата расипаност. Мачно ми е што телевизијата заработува внимание со понижување на другите. Наместо да зборуваат за почит, тие јавно ме изложија на потсмев.“

Иако се чинело дека скандалот ќе ја заврши нејзината кариера, Јелена Егорова ги изненадила сите, продолжила да се занимава со манекенство и да учествува на меѓународни натпревари за убавина.

Јелена Егорова, Мис Универзум Србија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во 2022 година, таа ја претставувала Монголија на изборот за Мис Гранд интернешнл во Индонезија, натпревар на кој се појавиле дури 67 кандидатки. Иако не стигнала до финалето, нејзиниот настап предизвикал внимание поради нејзината приказна за храброста и упорноста.

Две години подоцна, на изборот за Мис Блискиот Исток 2024 во Обединетите Арапски Емирати, ја освоила титулата Мис Земја Блискиот Исток 2024, со што конечно го вратила својот углед и самодоверба.

Овие два натпревара ѝ го отвориле патот кон уште поголемо признание, на 19 октомври 2025 година, Јелена беше прогласена за Мис Универзум Србија 2025 и со тоа повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат на глобално ниво.

Јелена Егорова, Мис Универзум Србија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Србија е поделена, но приказната за неа повеќе не е само за убавината.

Веста дека Јелена Егорова ќе ја претставува Србија предизвика бура во српската јавност. Некои ја пречекаа со поддршка, тврдејќи дека таа е симбол на модерна Србија, која не гледа на потеклото, туку на трудот и достоинството. Други, меѓутоа, ја оспоруваат нејзината легитимност и сметаат дека е „непримерно да ги претставува некој што не е роден тука“.

ФОТО | Апсурд без преседан: Србија на Мис Универзум ќе ја претставува Монголка

Се огласи Монголката што ќе ја претставува Србија на Мис Универзум: „Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот