Фото: Foto: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Монако не се шегува: Се засили со Кемба Вокер!

Повеќекратниот НБА Ол-стар играч, Кемба Вокер го засили Монако кој од клупата го предводи Саша Обрадовиќ.

Во последната сезона, Монако се пласираше на фајнл-фор турнирот, но во новата сака да го нападне самиот врв.

Вокер од 2017. до 2020. година редовно беше член на Ол-стар натпреварот, а во 2019. беше избран и во третата најдобра петорка на лигата. Во кариерата досега најдолго се задржа во Шарлот, а настапуваше уште за Бостон, Њујорк Никси и Далас кој му беше последен клуб пред доаѓањето во Европа.

Тој е и репрезентативец на САД, а во најсилната кошаркарска лига досега одигра 750 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот