Моментот кој сите го чекавме: После 19 години Бред Пит и Џенифер Анистон заедно во нов проект! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Првиот и единствен пат кога имавме можност да ги видиме во ист актерски проект беше во далечната 2001 година. Тогаш, Бред Пит се појави во епизодна улога во серијата „Пријатели”, каде неговата тогашна сопруга Џенифер Анистон беше дел од стандардната постава.

Зад Џенифер Анистон и Бред Пит има многу засебни успешни проекти, но се чини дека беа потребни дури 19 години од нивното заедничко појавување во „Пријатели“, за да се појави понуда што и двајцата ја прифатија.

Комичарот Дејн Кук, кој наскоро ќе го претстави својот нов проект „Feelin’ A-live “, виртуелно заедничко читање на сценариото на легендарниот тинејџерски филм „Fast Times at Ridgemont High“ од 1982 година, успеа да собере некои од најголемите актерски имиња на денешницата. Покрај нив, во проектот учествуваат Џими Кимел, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Морган Фримен и Шон Пен. Тогаш Шон Пен го прослави споменатиот филм во 1982 година во кој глумеше како 22-годишник.

Поранешните сопружници Анистон и Пит, кои од неодамна се во пријателски односи, исто така одговорија на поканата. Тие не беа во контакт многу години, поради лошиот развод во 2005 година, кога Пит ја напушти Џенифер поради колешката Анџелина Џоли.

Фото: Профимедиа

По разводот од Анџелина во 2016 година, актерот постепено повторно стапи во контакт со Анистон, па така тие денес се во пријателски односи. Пред неколку месеци, тие ја заинтригираа јавноста со своето однесување на наградите „Screen Actors Guild“. Романтичните насмевки, погледи и допири на поранешните сопружници, им вратија надеж на сите дека оваа двојка ќе се обиде повторно да ја обнови својата љубов. Блиски пријатели на познатите актери веднаш ги отфрлија ваквите гласини, велејќи дека Пит и Анистон се само добри пријатели.

Фото: Профимедиа

И покрај сите лоши периоди што ги имаа во нивните животи, згодната актерка и атрактивниот актер се подготвени конечно да работат заедно пред камерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот