Момче од скопското село Буковиќ обвинето за убиство

Илустрација/Архива на Слободен печат

Според обвинителниот акт на 30 август лани на автобуска станица на влезот на селото Арнакија, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад, се обидел да убие познаник.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно 22-годишно момче од скопското село Буковиќ, кое е обвинето за убиство на миг.

Според обвинителниот акт на 30 август лани на автобуска станица на влезот на селото Арнакија, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад, се обидел да убие познаник.

„Обвинетиот и едно лице-сведок со автомобил застанале на автобуската станица, при што настанала расправија меѓу нив и лице кое стоело на станицата. Тоа лице го повикало оштетениот и му се пожалило дека сакаат да го убијат.

Со намера да ги спречи да се пресметаат, оштетениот со палка го удрил обвинетиот во пределот на главата и му нанел раздерно-нагмечна повреда. Повредата кај обвинетото лице генерирала силен афект на страв и краткотрајна промена на свеста и на перцепциите, па тој реагирал импулсивно-нагонски.

Притоа, од огнено оружје пиштол кој го носел со себе, испукал кон оштетениот три пати, нанесуваjќи му три прострелни рани. Оштетениот почнал да бега, по што обвинетиот уште неколкупати пукал кон него, но не го погодил“, се вели во обвинението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот