Автобуси на ЈСП / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Момче од Љубанци избодено со нож во автобус на ЈСП

Двајца тинејџери вчера нападнале врсник од скопското село Љубанци во автобус на ЈСП, а еден од напаѓачите извадил нож и го повредил момчето, соопшти полицијата.

„На 11.02.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот