Молекуларна дијагностика за ковид-19 почнува да испитува ЦЈЗ – Тетово

Фото: Архива

Првпат во историјата на Центарот за јавно здравје – Тетово и Полошкиот регион почна да функционира нова лабораторија каде ќе се изработуваат PCR тестовите за COVID-19, информираат од Центарот. Одговорна за новата молекуларна лабораторија е раководителката на микробиолошката лабораторијата специјалист микробиолог д-р Фатиме Даути, а ангажиран е и доктор специјализант по медицинска микробиологија со паразитологија Мумин Селмани.

-Лабораторијата се состои од најсовремена апаратура потребна за нормална функција и работа на истата, од највисоко квалификувани брендови кои се признати ширум светот во борба против COVID-19 пандемијата и обучен кадар. Микробиолошка лабораторија и молекуларна дијагностика Тетово, како државна лабораторија ќе работи со најсовремени и софистицирани PCR китови (тестови) кои детектираат  4 типа на гени од вирусот Sars CoV-2, кои ќе им даде можност на граѓаните од Тетово и пошироко во Полошкиот регион да се тестираат во оваа лабораторија со голема сигурност, сензитивност во детекција  и доверба, информира Д-р Мумин Селмани, специјализант по медицинска микробиологија со паразитологија

Лабораторијата почна да функционира од понеделникот 17 мај.

Изработката на PCR тестови во соработка со Фондот за здравствено осигурување ќе се одвива преку закажување  термини од страна на матичните  лекари, а од другата страна моментално ќе се изработуваат и епидемиолошки индицирани брисеви од  епидемиолошките оддели во Тетово и во Гостивар кои работат непрекинато во текот на  целата недела, а предходно истите беа испраќани за изработка во Институтот за јавно здравје – Скопје, објаснува д-р Селмани.

Лабораторијата е одобрена од комисијата на Министерство за здравство на Република Северна Македонија и со сите потребни сертификати за работење со апаратурата и специфика на самата метода на ниво на BioHazard Level 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот