Мојсоски: Од 1 септември ќе се интензивираат работите на затворениот базен во Охрид

Наумче Мојсоски
Наумче Мојсоски / Фото: Фејсбук

Работите за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, којшто се наоѓа во склоп на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ треба да се интензивираат од 1 септември, а се очекува да биде готов до април следната година, информира денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.

Според него, базенот е готов скоро 70 отсто, потребно е да се досреди уште внатрешниот дел.

„Ни дадоа гаранција дека до март или април базенот ќе биде готов. Базенот е скоро 70 отсто готов, треба да се донесе да се монтира коритото, горе веќе се направени просториите, трибините, а готова е веќе челичната и бетонската конструкција, остануваат само финесите и внатрешниот дел да се досредат“, истакна Мојсовски, додавајќи дека последните осум месеци имале проблем со инвеститорот.

Затворениот базен во Струга пак, се очекува да биде готов во периодот декември – јануари.

Затворениот пливачки базен во Охрид чија изградба официјално почна во 2015 година ќе има два базена (12,5 на 6,5 метри со длабочина од 0,8 до 1,2 метри и 25 на 33 метри и длабочина од 2 метри). Ќе биде енергетски ефикасен и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима поевтино. Ќе има трибини со капацитет од 500 седишта и посебен простор за новинари и вип ложа, како и помошни простории со спа и велнес центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот