Моди попушти пред граѓаните: Индија укинува три контроверзни закони

Нарендра Моди
Индискиот премиер, Нарендра Моди / Фото EPA-EFE/ROBERT PERRY

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека одлучил да ги укине трите контроверзни земјоделски закони против кои фармерите протестираат повеќе од една година.

„Денеска дојдов да ви кажам, цела држава, дека решивме да ги повлечеме сите три земјоделски закони. На седницата што почнува кон крајот на месецов, ќе го завршиме уставниот процес за укинување на овие три земјоделски закони“ рече Моди во своето обраќање до нацијата, а пренесува Ројтерс.

Законите беа воведени во септември минатата година, а земјоделците се побунија поради стравувањата дека новите закони ќе дозволат приватните играчи да влезат во земјоделството и дека тоа ќе им го загрози приходот.

Неколку рунди преговори со владата пропаднаа во последните месеци бидејќи министрите инсистираа дека законите се добри за земјоделците.

Малите земјоделци тврдат дека промените ги прават ранливи на конкуренцијата во форма на големи компании и дека на крајот би можеле да ја изгубат ценовната поддршка за основната храна како пченицата и оризот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот