Моден могул со години силувал млади мажи: ФБИ го истражува случајот

Фото: BERTRAND GUAY / AFP / Profimedia

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) започна истрага против поранешниот директор на модниот бренд „Аберкромби и Фич“ (Abercrombie & Fitch – A&F), Мајк Џефрис, за наводно сексуално искористување и злоупотреба на млади мажи на настани што ги организирал низ светот, пишува „Би-би-си“.

Мајк Џефрис и неговиот партнер Метју Смит, исто така, се соочуваат со граѓанска тужба поради наводите дека воделе операција за трговија со луѓе.

Агентите на ФБИ интервјуираат и повикуваат потенцијални сведоци, а истрагата ја водат оперативци за сексуален криминал и федерални обвинители од Источниот округ на Њујорк.

Во октомври, документарен филм и серија на поткаст на „Би-би-си“ откри дека осум млади мажи наводно присуствувале на овие настани помеѓу 2009 и 2015 година во Лондон, Париз и Маракеш.

Мажите тврдат дека Џефрис и Смит имале сексуални односи пред нив или ги „насочувале“ еден кон друг во сексуалните активности.

Документите откриени од „Би-би-си“, вклучително и авионски билети и планови за настани, откриваат дека имало високо организирана операција во која била вклучена мрежа на регрутери, како и посредникот Џејмс Џејкобсон.

„Аберкромби и Фич“ за „Би-би-си“ изјавиле дека компанијата е „шокирана и згрозена“ од наводното однесување на Мајк Џефрис и дека поради тие наводи му е укината дел од пензијата. Наводниот регрутер, Џејкобсон, ја негирал одговорноста, додека Џефрис одбил да ги коментира наводите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот