МНР: Усогласеноста на С. Македонија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ е 94 проценти

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија Фото: МИА

Министерството за надворешни работи (МНР) информира денеска дека усогласеноста на Северна Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ) е 94 проценти.

– Поради појавените информации во јавноста за усогласеноста на Република Северна Македонија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, сакаме да информираме дека усогласеноста на Република Северна Македонија кон ставовите, декларациите и мерките на ЕУ изнесува 94 проценти, соопшти МНР.

Оттаму наведуваат дека само во последната третина од 2020 година (периодот септември – декември 2020 година), Република Северна Македонија се има придружено на над 40 декларации на ЕУ, а оваа практика продолжува и во првиот квартал на 2021 година.

– Во моментот, во рамки на МНР се разгледува можноста за имплементација на политики со кои поскоро ќе се постигне целосна, или 100 отсто стапка на усогласеност со политиката на ЕУ, стои во соопштението.

МНР додава дека во таа насока, покрај надворешната и безбедносна политика, во рамки на процесот на Стабилизација и Асоцијација, Северна Македонија веќе има усогласено околу 30 отсто од европското аки (acquis), ниво на усогласеност на домашното законодавство по кое земјава стои рамо до рамо и со останатите земји од регионот кои веќе подолго време преговараат.

– Стратешка цел на Република Северна Македонија претставува полноправното членство во Европската Унија, и поради тоа, севкупниот процес на усогласеноста со политиките, правилата, стандардите и вредностите на ЕУ претставува највисок државен приоритет, заклучува МНР.

Реакцијата на МНР доаѓа по вчерашмната изјава на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева која за Бугарското национално радио (БНР) рече дека усогласеноста на земјава со заедничката надворешна политика на ЕУ е под 50 отсто, на што синоќа остро реагираше и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

– Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92 проценти, објави синоќа Димитров на Фејсбук.

Димитров: Усогласеноста на Северна Мекдонија со надворешна политика на ЕУ е 92 отсто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот