МНР се извини за „ненамерниот пропуст“ со знамињата на средбата Османи – Фајон

Фајон пречекана со словачко знаме/Фото: МИА

Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение до медиумите изразува длабоко извинување за, како што се наведува, „ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите”.

– Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста. Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата, соопштија од МНР.

Информираме дека Министерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација, се наведува во соопштението од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот