МНР: Македонските државјани да го напуштат Мексико во прва можна и безбедна прилика
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико – да ја напуштат земјата во прва можна и безбедна прилика.
Препорачано
Како што се наведува во соопштението, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од „итен и неопходен карактер“.
„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-адресата [email protected]“, наведуваат од Министерството.
Оттаму додаваат дека МНР континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.
Инаку, Мексико се соочува со бран насилства и блокади, по убиството на Немесио Осегера, познат како Ел Менчо, водач на моќниот картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој беше убиен за време на воена рација.
Операцијата предизвика насилна реакција од картелот. Членови на банди во неколку држави, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато, ги блокираа патиштата со запалени автомобили, камиони и автобуси. Пожари беа подметнати и во аптеки и мали малопродажни продавници.
ВИДЕО | Хаос во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо, Американците во опасност


