НВО: Многу препораки на УНЕСКО не се спроведуваат, а Владата за Охридскиот Регион испратила „копи-пејст“-извештај

Охридско Езеро. / Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Од 19-те главни препораки на УНЕСКО, само четири се спроведувани и тоа само делумно, реагираат невладините организации.

Извештајот на Министерството за култура кој е испратен до УНЕСКО за природното и културното наследство во Охридскиот регион, воопшто не кореспондира со состојбата на терен, реагираа организациите од Охрид, Струга и Поградец. Додаваат дека со извештајот само се прикриваат проблемите и, како што велат, „се става ѓубрето под тепих“.

„Извештајот е обичен копи-пејст, направен и поднесен до УНЕСКО. Многу аспекти од овој извештај не се точни и не кореспондираат со реалната ситуација. Неконтролираната урбанизација е спомната со четири реченици, иако е голем проблем во Националниот парк Галичица, а некојси црвен елен се појавува на половина страна. Значи, урбанизацијата е занемарена. Има и точни работи кои се спомнати, но има и големи пропусти, со цел да се оддалечи вниманието на јавноста од овие проблеми“, вели Никола Киселинов од туристичката асоцијација „Билјана“ од Охрид.

Претставниците на невладините организаци велат дека не е прв пат да се презентира ваков извештај и главниот проблем е во тоа што државата нема комуникација со невладиниот сектор, иако тоа е предвидено според препораките на УНЕСКО

„Со ваквата хаотична состојба во урбанизацијата страда туризмот во Струга и Охрид. Голем проблем се и заштитата на Охридското Езеро и човечкото влијание врз екосистемот. Ние формиравме Стратегија за комуникација, која е препорака од УНЕСКО, но интересот на Владата и другите институции не е каков што треба да биде“, рече Ндерим Положани од невладината Капс Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот