Фото: илустрација / Мета.мк

Млади и дрски прилепски разбојници влегувале по куќи, бандата ограбувала и луѓе по улица

Петмина млади разбојници од Прилеп, од кои тројца се малолетни, извршиле неколку дрски кражби и разбојништва, влегувајќи во куќа на жена и ограбувајќи човек кој се возел на велосипед, соопшти МВР.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(20), М.А.(19) и тројца малолетници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. На 09.02.2026 во Прилеп, пријавените влегле во куќата на Е.И. и со употреба на сила од неа одзеле пари, личен накит и други предмети. На 12.02.2026 во Прилеп, пријавените ја пресретнале Е.С., и со употреба на сила од неа одзеле паричник со пари, мобилен телефон и други предмети. Додека, на 15.02.2026 во Прилеп, пријавените со употреба на сила од лице кое управувало велосипед одзеле чанта со пари, мобилни телефони и други предмети“, пишува во полицискиот билтен.

Американец нападнал полицајци кај Демир Капија, откако му побарале да се идентификува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот