Младенов: Израелската анексија на Западниот брег може да доведе до насилство

epa05010887 United Nations Special Coordinator for the Middle East Peace Process, Nickolay Mladenov walks with observers of the Temporary International Presence in Hebron (TIPH) as they visit al-Shuhada street and Ibrihimi mosque in the West Bank city of Hebron, 04 November 2015. EPA/ABED AL HASHLAMOUN

Младенов ова денеска го кажа во моменти на засилен меѓународен притисок врз Израел да се откаже од своите планови.

Претставникот на ОН за Блискиот Исток, Николај Младенов, денеска го предупреди Израел дека спроведувањето на планот за анексија на делови од Западниот Брег може да предизвика насилство што ќе ги наруши израелско-палестинските односи и ќе влијае врз целиот регион.

Младенов пред група странски дописници во Ерусалим кажа дека секоја еднострана акција на Израел „ќе има економски и безбедносни последици на теренот, што ќе влијае и врз животите на Израелците и Палестинците”.

-Сигурно е дека ваквите потези ќе бидат исполнети со контрамерки од страна на палестинската власт и тие веќе почнаа, рече специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, додавајќи дека Палестинците повеќе не ги почитуваат претходните договори со Израел.

„Палестинското раководство засега тврди дека ќе стори се што е во негова моќ да се одржи законот и редот на териториите што ги контролира”, рече Младенов, но предупреди дека парите завршуваат и бидејќи „политичките изгледи стануваат помрачни” тој смета дека ќе биде „се потешко, ако не и невозможно во иднина”.

Младенов ова денеска го кажа во моменти на засилен меѓународен притисок врз Израел да се откаже од своите планови.

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт, вчера, на состанокот на Советот за безбедност на ОН предупреди дека анексијата ќе ги зголеми тензиите и ќе го загрози мирот на Блискиот Исток и може да предизвика „верска војна во и надвор од регионот”.

Покрај тоа, повеќе од илјада европратеници потпишаа заедничко писмо во знак на протест против планот на Израел, оценувајќи дека ваквиот потег би бил фатален за надежите за мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Охрабрен од планот на американската администрација за Блискиот Исток, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вети дека веќе од следната недела ќе почне со анексија на делови од Западниот Брег, каде што веќе има еврејски населби.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година и оттогаш таму изгради десетици еврејски населби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот