Фото: илустрација / Flickr / houstondwiPhotos mp / CC BY-SA 2.0

Млада и дрска скопјанка е уапсена во три часот утрово

Рано утрово околу три часот во Скопје, полицајци уапсиле 20-годишна девојка, која според МВР била агресивна кон полицајците и им ја попречувала работата.

„Денеска (22.08.2025) во 02:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле М.Ј.(20) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР, без да прецизираат каде во Скопје се случил инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот