Млада Французинка поради фалсификување на ковид потврди, казнета на 18 месеци затвор

Ковид сертификати во ЕУ/ Фото EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Млада Французинка (19), која работи во најголемиот центар за вакцинација во Бордо, доби условна казна од 18 месеци затвор, бидејќи фалсификувала дваесет ковид потврди за своите роднини.

Кривичниот суд во Бордо, исто така, изрече петгодишна забрана за нејзината работа во јавниот сектор.

Таа била уапсена во понеделникот откако била пријавена и поведена истрагата. Таа работела во тој центар од 1 -ви септември и признала дека учествувала во фалсификување на 24 ковид сертификати за 16 лица. Тужителот рече дека не верува дека таа го направила тоа за финансиски надомест.

Според податоците од мобилниот телефон на Сами Г., полицајците нашле многу неконзистентно произведени ковид пропусници.

Младата жена, која работела од свои 16 години, објасни дека „сакала да им направи услуга на пријателите и роднините кои не сакале да се вакцинираат, и дека таа сакала да оди во кино со некои од нив. ”

Продолжува истрагата за корисници на лажни документи и можни други измами, пренесува Гардијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот