Млад скопјанец шверцувал мигранти од Сирија и Авганистан

Авганистански бегалци/ Фото EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

На автопат А1 во правец Смоквица-Демир Капија од полициски службеници е уапсен И.Б.(26) од Скопје, кој во возило „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица-мигранти од Сирија и Авганистан.

И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови” со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар.

Известен е јавен обвинител. И.Б. е задржан во полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Приведен криумчар на мигранти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот