Приведени двајца криумчари на мигранти на излезот од Гевгелија

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На 29.04.2022 во 20.30 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо”, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него биле откриени 7 лица мигранти од Сирија.

Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица.

На 30.04.2022 околу 02.00 часот бил фатен и лишен од слобода и возачот од „сеат толедо” – О.И.(21) од с.Црвена Вода, општина Студеничани. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг” Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот