Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Млад и дрзок арамија ограбил жена во Дебар, ѝ ги грабнал парите тазе извадени од банкомат

Во Дебар е уапсен 23-годишен жител на селото Могорче – тој е осомничен дека на дрзок начин грабнал пари од жена која ги извадила од банкомат во градот, соопшти МВР.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, на 19.11.2025 забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно и ги одзел парите и избегал. Набрзо, тој е пронајден и приведен во полициска станица“, пишува во полицискиот билтен.

Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот