Фото: Screenshot

Млад фудбалер го загуби животот во сообраќајна несреќа во Австрија

Унгарсксиот фудбалер Марко Варга (26) го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во Австрија, пренесуваат локалните медиуми.

Несреќата се случила во саботата вечер, само еден еден откако го одиграл последниот натпревар за својот клуб на кој бил и стрелец. Според информациите на автопатот А1 возач со комбе со голема брзина удрил во неговиот автомобил.

Брзата помош реагирала веднаш по пристигнувањето и успеала да го оживее, но подоцна во болница фудбалерот им подлегнал на повредите.

Варга бил познат во регионалните лиги на Австрија, а длабока тага изрази спортскиот директор на неговиот клуб, Курт Баумгартнер.

„Не знам што да кажам, ситуацијата е многу тешка за сите нас. Се уште не можеме да поверуваме дека ова се случи“, изјави Баумгартнер.

Варга во младите селекции помеѓу останатите настапуваше за Хонвед, Пушкаш академијата и Видеотон. Играше и за младинските селекции на Унгарија, но никогаш не доби прилика за настап во сениорската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот