Фото: mkd.basketball

МКК Куманово се прости со своите навивачи со победа против Работнички

Кумановските „сино-бели“ стигнаа до нов успех во кошаркарскиот плеј-аут сегмент со убедливи (90:73) против тимот од „Градски парк“ против Работнички во четвртото коло

Играчите на МКК Куманово излегоа како победници против Работнички, доволно за да ја вратат првата позиција во овој натпреварувачки сегмент од „МТЕЛ“ Супер лигата.

За МКК Куманово, Стевановиќ имаше 26 поени (осум асистеннци и седум скока), Луковиќ го заврши овој меч со двоен ефект од 15 поени и 13.скока.

Свои одлични минути, уште во првото полурвеме, имаше Бајрам, кој само 10 минути поминати во игра, дојде до 13 поени, со максимален ефект во шутот од поле (3/3 за три и 2/2 за два поени). Митевски додаде уште 11, а Ѓуроски 10 поени за победнишката екипа.

Во екипата на Работнички, која веќе го обезбеди опстанокот во најелитното натпреварување. Рикиќ запиша ефект од 30 поени и 11 скока (плус и три асистенции), Робев дополни со 11 поени (три скока и две асистенции), а Грушановиќ забележа 10.поени, имаше и три скока.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Ангели – Гостивар 80:94

Чаир 2030 – Феникс 2010 76:63

МКК Куманово – Работнички 90:73

ТАБЕЛА

1.МКК Куманово 26 14 12 2140:2061 40

2.Чаир 2030 26 13 13 2112:2175 39

3.Работнички 26 11 15 2159:2123 37

4.Феникс 2010 26 9 17 2049:2117 35

5.Гостивар 26 8 18 1961:2084 34

6.Ангели 26 2 24 1666:2296 28

ИДНО КОЛО

Работнички – Ангели

Феникс 2010 – МКК Куманово

Гостивар – Чаир 2030

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот