МКК Куманово остана во игра за Топ 6 во Супер лигата
Во првиот меч од неделата програма од 21 коло на македонската кошаркарска „МТЕЛ“ Супер лигата, МКК Куманово го совлада составот на Кожув (89:82) и ги одржа надежите дека ќе бидат дел од првите шест екипи кои ќе играат во оној дел во кој ќе се бараат четири места за плејофот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во првото полувреме, двете екипи си разменија по една четвртина. Гостите од Гевгелија ја добија првата, со сосема солидна предност (32:24). Домаќините се вратија во втората, со слична позитива (26:14), доволно за да заминат со плус од четири поени, (50:46). Максимално изедначено се играше во продолжението на средбата. Со забелешка дека кумановци успеаја да ја задржат таа тешко стекната позитива и по три одиграни периоди, имаа 67:62).
Иако изгледаше мала, таа се покажа како сосема недостижна за кошаркарите на Кожув во последните 10 минути никако не успеаја да ја поништат. По поените на Боувен, на три и пол минути пред крајот гевгеличани заостануваа само два поени (74:76).
Но МКК Куманово направи, имаше подобра завршница, имаа подобар финиш „сино-белите“. Во период од деведесет секунди, направија скор (8-1), кој ги однесе до недостижно водство (84:75).
Стевановиќ беше прво име во редовите на МКК Куманово со 30 поени, имаше и 10 скока, Луковиќ запиша 17 поени и осум скока, Радукиќ уште 16 поени (осум скока и три асистенции), а Лука Димитриевски запиша 18 поени, дополнети со по четири скока и асистенции. Во екипата на Кожув, која по 21 одигран меч има учинок 11-10, Боувен забележа дабл-дабл учинок од 20 поени и 11 скока. Николас го заврши мечот со 18 поени, девет асистенции и седум скока, Бојчев имаше 15 поени.


