Митрополит г. Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста, христијански е да ги сакаме сите, дури и непријателите

Фото: Профимедиа

Митрополитот г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во тетовско-гостиварската епархија по повод раѓањето на Исус Христос-Божиќ, еден од најзначајните празници во православната црква.

Тој како надлежен архиереј, честитајќи го празникот, порача верниците во овие тешки времиња да не ги заборават оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха.

-Возљубени чеда на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската Православна Црква. Како Ваш духовен пастир Ви го честитам Рождеството Христово и новото лето Господово. Новородениот Богомладенец постојано не повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста. Не повикува да не ги заборавиме оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха. Спасителот Христос не повикува на мир Божји, на мир во себе и со сите околу нас. Христијански е да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите наши. За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието, во родољубието и домољубието, да израснеме во љубовта зошто со неа се можеме, истакна владиката г. Јосиф во празничната честитка до верниците.

Утре на денот на Христово Раѓање-Божиќ, владиката ќе отслужи празнична литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар. Денеска по повод Бадник, владиката отслужи празнична литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот