Митрополит Амфилохие: Новата власта да ја залечи Црна Гора од „братоубиства и богоубиства“

Митрополитот црногортско-приморски на Српската православна црква, Амфилохие рече денеска дека се надева оти новата власт во Црна Гора ќе биде единствена и дека ќе помогне „народот и земјата да залечат“ од, како што рече, „злобниот вирус од корона братоубиства и богоубиства“ што ја „труел и денеска ја труе Црна Гора“.

Амфилохие во манастирот Острог рече дека „повторно е распламтен верскиот оган“, е објавено на интернет страницата mitropolija.com.

Тој нагласи дека „светилиштата биле загрозени од наследници на оние кои се затруени со духот на братска омраза  и божја омраза и кои на основа на братска омраза ја градеа својата власт од 1941 година до 1945 година“.

Митрополитот нагласи и дека „никогаш во историјата немало пример безбожници и безбожна власт да создадат своја црква„ и тоа како што укажа „со негирање на една црква која постои од времето на апостолите, па се до времето на Свети Сава од кого, Митрополијата во ваква форма и облик постои 800 години“

Прочитајте и...  Се преуредува гевгелиската болница за да ги згрижи заразените од ковид-19

Поврзани вести

ВИДЕО: Меркел ја затвора Германија, карантин од 2 ноември

Слободен печат

Рекордни 870 новозаболени во Македонија, 14 пациенти починаа

Слободен печат

Маричиќ: Целта на предлог-законот е пописот повеќе да не биде политичко прашање

Илинка Иљоска

Болниците во Словенија бараат волонтери, расте бројот на заразени лекари

Илинка Иљоска

Маричиќ: Зошто да не се обидеме и судењата да бидат онлајн?

Слободен печат

Поранешниот шеф на СТО: 50 отсто од светската популација може да биде лишена од пристап до вакцината во рок од неколку месеци

Илинка Иљоска

Остави Коментар