Митрев: Не сме лекувале корона, дававме шанса на луѓе со компликации од корона

Фото: ТВ Телма/принтскрин

„Ние и сега немаме лек за корона, ние не сме лекувале корона, ние сме ги лекувале пациентите кои се комплицираат од короната и сме давале шанса тие пациенти, со нивниот организам, да можеше да го победи вирусот. Ако и нивниот организам не можел, толку биле и нашите напори, рече доктор Жан Митрев вечерва во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ „Телма“.

„Хемофилтрацијата е потполно ист принцип како дијализата или хемодијализата кај бубрежно болните. Хемофилтрацијата е само едно помагало во лекување на тешко болни пациенти во интензивна нега. Различните се причини поради кои тие пациенти доаѓаат и завршуваат на интензивна нега. Може да бидат бактериски причинители кои прават инфекции и тоа е често во кардиохирургијата. Методот на хемофилтрација ја користиме на интензивна нега од самото формирање на болницата“, рече Митрев.

Клиниката, како што вели кардиохирургот, ги минала сите развојни фази што хемофилтрацијата ги имала во изминатите 20 години.

„Овој начин на хемофилтрација, како најсофистициран, е од 2008 година, а од 2013 година е и „Огзирис“ хемофилтерот, како посебен софистициран филтер кој, покрај другите токсини во организмот, вади и делови од бактерии, вади некои имунолошки активности, т.е. хиперактивности кои дополнително може да му наштетат на организмот“, посочи доктор Митрев.

Обвинителството утре ќе соопшти до каде е истрагата во случајот со клиниката „Жан Митрев“, за која Истражувачката новинарска лабораторија (ИРЛ) во документарниот филм „Нечиста крв“ објави декаим наплаќала на пациентите високи суми за хемофилтрација при лечење од ковид-19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови-МАЛМЕД.

Митрев вечерва повторно тврдеше дека новинарите од ИРЛ пласирале лаги во документарниот филм за неговата клиника.

„Не знам зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите. Видовме еден дел од медиумите што сè можат да направат со инсценирани, превртени и буквално лаги кои се пласираа на таков начин како се пласираа и направија една грозоморна атмосфера во тоа време околу нас“, рече тој, додавајќи дека не знаел оти обвинителството утре ќе соопшти за истрагата.

Документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ со шокантни тврдења за клиниката Жан Митрев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот