Емир Шкријељ - Фото Слободен печат - Фото Слободен печат
Емир Шкријељ - Фото Слободен печат - Фото Слободен печат

Митови и факти | Шкријељ: Никој не го очекуваше киднапирањето на Мадуро

Никој во Венецуела не очекуваше таков потег на Американците, кога неодамна од својата спална соба беше киднапиран претседателот на оваа земја Николас Мадуро, смета аналитичарот Емир Шкријељ.

Тој вели дека венецуелската војска била неподготвена за ваков тип на атипчна закана, иако не ја отфрла во потполност тезата дека дел од безбедносните сили во критичниот момент му откажале послушност на Мадуро.

Што се однесува до наредната цел на американскиот претседател Доналд Трамп, а тоа е островот Грендланд кој е под данска контрола, Шкријељ објаснува дека присуството во тој дел од светот за САД е од исклучително важно геостратешко значење.

– Во овие територии кои се нагласени како нивен витален интерес, тука пред сè ja имаме западната хемисфера ќе прибегнуваат со воени интервенцији најверојатно, е сега, ако говориме за Гренланд, тука е работата со сосем јасна. Значи, може ви ова звучи како ново прашање, меѓутоа, еве да може да ги известам гледачите на овој подкаст дека во 2050 година, веќе ќе можаме да очекуваме, веќе се предвидува дека на Арктикот во еден период на годината нема да има, апсолутно нема да постои мраз, што значи дека тоа ги менува тотално работите во поглед на значајот на овие северни територии – вели Шкријељ.

Во Митови и факти, нашиот гостин прави и осврт на тоа што деновиве се случува во Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот