Марјан Ѓорчев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Митови и факти | Ѓорчев: Разводот на Трамп од ЕУ е дел од новиот светски поредок

Марјан Ѓочев, пораншен министер, вицепремиер и амбасадор на Македонија, во Митови и факти дава детална анализа на најактуелните случувања во светската политика, кои во последно време се диктирани од американскиот претседател Доналд Трамп.

Со желбата да го преземе Грендланд, смета Ѓорчев, Трамп сака на Европејците да им покаже кој е главен, што, пак, ЕУ ја тера да се сврти кон Русија и кон Кина. Тој смета дека системот кој на „глобалниот запад“ му овозможи да стане глобален хегемон е потрошен и дека веќе се воспоставени контурите на мултиполаризмот како нов светски поредок.

– Инвазијата, воената експанзија и инвазија на Русија во Украина значеше на некој начин апсолутно на тој, проблематизирање на тој финансиски капитализам, односно како што го нарекуваше, предвидуваше големиот канцелар Хелмут Шмид, инаку социјал-демократ по убедување, дека ќе настане со владеењето на банкарските конзорциуми и мултинационалните корпорации капитализам на дивите ѕверови. И тоа и се случи. Во таква една констелација, првите пукнатини на тој, на таа хегемонија како што рековте на „глобалниот запад“, беше изјавата на Борел, Жозеп Борел (за рајската градина и џунглата околу ЕУ) точно – вели Ѓорчев.

Погледнете го целото интервју на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот